Останати производи од категоријата
Ласер xTool M1 Ultra е 4-во-1 креативна машина што во едно куќиште спојува диоден ласер, нож за сечење, пенкало-модул и inkjet печатење — идеално за подароци, декор и мали серии. Вградена камера за позиционирање ти ја прикажува работната површина во живо и овозможува прецизно порамнување, а „print-then-cut“ текот овозможува прво печатење, па прецизно сечење без дополнителни чекори. Со брза промена на алатки минуваш од гравирање во сечење или печатење за неколку секунди, со чисти, конзистентни резултати на хартија, дрво, кожа, ткаенина и уште многу материјали. Ако бараш една маса-машина што ќе покрие гравирање, сечење, цртање/пишување и печатење — M1 Ultra е вистинскиот избор
Ласер xTool F2 Ultra е desktop машина од повисока класа што комбинира 60W MOPA фибер + 40W диоден за врвен изглед и на метал и на „органски“ материјали како дрво, кожа и акрилик. Благодарение на MOPA контролата на пулсот добиваш чисти, контрастни гравури, фини текстури и професионални завршници, подготвени за брендирање или продажба. Идеален е за брза персонализација, мини-серии и сериозни креативни студија/работилници каде конзистентноста е клучна. Ако бараш една машина што без напор прави и деликатни детали на метал и одлични ефекти на дрво и кожа — F2 Ultra е вистинскиот избор.
Тип на ласер: 60W MOPA фибер + 40W диоден (двоен ласер)
Ласер xTool F1 Ultra е desktop гравер за сериозни задачи што комбинира два ласера: 20W фибер + 20W диоден, за моќно и чисто гравирање и на метали и на „органски“ материјали како дрво, кожа и акрилик и други. Благодарение на прецизното позиционирање и паметната обработка, резултатот секогаш изгледа уредно, читливо и спремно за директна продажба или брендирање. F1 Ultra е дизајниран и за брза персонализација парче-по-парче, и за мали серии со конзистентен квалитет, што го прави одлична алатка за продавници, студија и производствени работилници. Ако ти треба една машина што без проблем покрива сè — од фини детали на метал до длабок визуелен ефект на дрво и кожа — ова е решението.








